А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Стружани бараат дислокација на депонијата

by А1он06/08/2014 - 14:0499
Share0

Стружани бараат дислокација на депонијата која се наоѓа во непосредбна близина на градот, поради непријатната миризба. Состојбата дополнително е влошена со неодамнешното палење на сметот и густиот чад кој се чуствува во Струга.

Добивај вести на вибер

Директорот на Јавното претпријатие „Комунално“ Гарип Каба забележа дека депонијата е долгогодишен проблем за стружани и може негативно да влијае на здравјето на граѓаните и оти мора да се дислоцира.

– Имавме укажување за чадот кој се ширеше од депонијата и веднаш пристапивме со нашите и со противпожарни екипи со гасење. Денеска успеавме и чадот да го уништиме, Но тоа е моментално решение, мора да преземем нешто за депониајта да ја оддалечиме од тука, изјави Каба.

Претставниците на еколошките здруженија кои во повеќе наврати ги потстетувале надлежните дека станува збор за реален проблем бараат во најкраток рок да се изнајде трајно решение.

– Години наназад реагираме на разни начини, меѓутоа сите што се надлежни по ова прашање се изгледа или заспани или не сакаат да работаат, вели Мате Гогоски од еколошкото здружение „Енхалон“.

За поуспешно справување со комуналните, но и со градежните проблеми градоначалникот на Струга, Зијадин Села информира дека инспекциските служби работат во две смени.

– Тешко е да се промени менталитетот кај граѓаните и институциите. Се обидувам преку двосменска работа и дежурства да почнат да си ја работат работата што ја имаат инаку ќе бидат казнети сите. Не сакам одма да одам со санкции, сакам да давам можност, рече Села.

Градската депонија лоцирана во наслебата Плитишта во Струга повеќе пати била тема на седниците на Советот, кои треба најбз рок да изнајдат решение со кое ќе се надмине проблемот.

struga

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 14:5122/02/2026 - 15:56

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он21/02/2026 - 09:1621/02/2026 - 11:51

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски16/02/2026 - 13:3216/02/2026 - 13:33

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Горан Наумовски13/02/2026 - 10:33

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Катерина Ѓуровски10/02/2026 - 13:48

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга

Горан Наумовски16/01/2026 - 11:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен