А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Над 5.100 пензионери и студенти искористиле бесплатен превоз со воз

by А1он06/08/2014 - 13:59166
Share0

Претстојниот викенд, сите возрасни лица може бесплатно да се возат со воз во земјава, а утре сите студенти. Ова е овозможено согласно владините одлуки донесени минатиот месец, а кои досега ги искористиле 1.000 возрасни лица, 3.500 млади лица до 27 години, 600 студенти и 1.000 лица кои купиле билет со попуст.

Добивај вести на вибер

Портпаролот Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата е задоволна од опфатот на лицата кои ја искористиле можноста бесплатно да го користат железничкиот сообраќај и посочи дека најмногу возрасни лица над 50 проценти патувале од Скопје, потоа следуваат Велес, Прилеп и Битола. Кај студентите и кај лицата кои купуваат со попуст најмногу биле од Велес, потоа од Прилеп, Битола и од Скопје.

Владата на Република Македонија минатиот месец донесе одлуки со кои се овозможи бесплатен железнички превоз во одредени периоди од месецот кои важат за поедини категории граѓани. Со овие одлуки бесплатен железнички превоз има за сите повозрасни лица, односно за жени над 62 години и за мажи над 64 години, во текот на секој втор викенд во месецот, а за сите млади лица до 27 години во текот на третиот викенд во месецот. Секој четврток има бесплатен железнички превоз за сите студенти во земјава, а согласно последната одлука овозможен е попуст од 50 проценти на железничките билети за сите студенти и за сите ученици.

Според Ѓорѓиев бесплатното патување за возрасните лица во вториот викенд од месецот е добра можност да го искористат овој викенд и на тој начин да заштедат дел од трошоците кои би ги дале во случај на обезбедување на превозот.

– Сите граѓани кои влегуваат во оваа категорија и имаат желба, идеја или потреба да патуваат да го користат железничкиот сообраќај тоа може бесплатно да го сторат во деновите петок, сабота и недела, изјави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

За да го користат бесплатниот превоз возрасните лица треба на благајните на железничките станици да приложат лична карта и врз основа на тоа ќе им биде издадена карта, во која е вклучено и осигурувањето. На оние железнички станици на кои не постојат благајни и на  кои не може да се извади билет, патниците тоа може да го сторат по качувањето во возот кај кондуктерот.

Утре, пак, железничкиот сообраќај бесплатно може да го користат сите студенти. Бесплатниот превоз го добиваат врз основа на студентскиот индекс или легитимација. Билетот што ќе добијат може да го користат секој нареден четврток.

penzioneristudentizeleznica

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Горан Наумовски24/07/2025 - 14:06

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

Горан Наумовски24/07/2025 - 12:53

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on23/07/2025 - 13:45

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски22/07/2025 - 16:4722/07/2025 - 17:10

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ28/06/2025 - 22:4929/06/2025 - 09:23

Пензионерски кредит до 60.000 МКД за 10 минути!

Предраг Петровиќ26/06/2025 - 19:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен