Во Загреб ненајавено пристигна еден од најбогатите луѓе во светот, саудискиот принц и бизнисмен Ал-Валед бин Талал бин Абдулазиз ал Сауд, чие богатство е проценето на 28 милијарди долари.
Според хрватски медиуми, внукот на основачот на Саудиска Арабија пристигна во Загреб со приватен авион и придружба од 50 луѓе.
Претставници на хрватски официјални институции истакнаа дека не веруваат оти станува збор за бизнис посета иако постојат непотрвдени информации дека тој сака да се запознае со можностите за инветстиции во хрватската економија.
Тој ја предводи компанијата Кингдом Холдинг со сопственички удели во најголеми светски фирми како што се Амазон, АОЛ/Тајм Ворнер, Епл, Ситигруп, Кока-Кола, Компак, И-Беј…