Македонци, Срби и Словенци повторно во заедничка работна акција

Од:

Исто како во поранешната СФРЈ, неколкумина Македонци, Срби и Словенци се обединија во заедничка мисија, заедно да помогнат во санирање на штетите од поплавите во Краљево.

Под слоганот „ОРА не е фора“ педесетина млади лица, на возраст од 18 до 30 години, од кои 20 од Словенија, исто толку од Краљево и десет од Македонија и уште некои други градови од Србија, наредните десет дена ќе работат на отстранување на последиците од мајските поплави во околина на Краљево, пренесе српскиот портал „24 часа“.

Како што е предвидено тие ќе работат на уредување на коритата на реките Раваница и Гледичка, реновирање на патишта и санирање на оштетените локации во Краљево и околината.

Дваесет и тригодишниот, Един Кевриќ од Марибор вели дека пред два месеци од своите колеги слушал за спасувањето на жителите на Краљево и одлучил своето слободно време да го помине во тој град на работна акција.

-По професија сум физиотерапевт и пожарникар доброволец. Кога слушнав за оваа акција, веднаш се пријавив. Дојдов да помогнам и сите заедно да соработуваме- раскажува тој.

-Един вели дека им е убаво, има доста свои врсници, но и повозрасни кои раскажуваат за работните акции од времето на Тито.

Зоран Стевовски од Охрид, кој имал можност да биде дел од Младинските работни акции ширум поранешна СФРЈ, вели дека тоа му било најубавото животно искуство и дека затоа се пријавил да дојде во Краљево.

-Претседател сум на здружението во кое членуваат оние кои учестувале на поранешните работни акции, но и млади кои сакаат да бидат дел од оваа наша приказна. Дури 12 пати сум бил на работни акции и тоа од 1979 до 1990 година. Се вратив таму каде што започнав- раскажува Стевовски.

Тие се сместени во Домот за ученици во Шумарското училиште, а работниот ден им започнува во 5:30, а завршува во 22 часот. Сите се осигурани, а имаат и обезбедена здравствена заштита.

Младинската работна акција е предвидено да заврши на Меѓународниот ден на младите, 12-ти август.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

(ВИДЕО) Големи поплави во Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Горан Наумовски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски