Во Струга почна фестивалот „Езерски бисери“

Од:

На летната сцена кај хотелот „Бисер“ во Струга синоќа беше отворен меѓународниот арт фестивал и натпревар „Езерски бисери 2014.“

Единаесетото издание на фестивалот беше отворено со настап на дел од младите, талентирани уметници од повеќе европски држави. Публиката ја восхитија прекрасните изведби и кореографии на младите пејачи, танчери и инструменталисти, а на крајот на концертот, со спектакуларен огномет беше официјално прогласен за отворен.

На фестивалот кој има и натпреварувачки карактер учествуваат околу 400 натпреварувачи од Русија, Израел,Малта, Казахстан, Македонија, информира Миланка Рашиќ член на организацискиот одбор.

Тие, појасни дека ќе учествуваат во две фестивалски програми: класика и естрада, кореографија, фолкор. Најдобрите учесници ќе одржат гала концерт на 12. август во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Првпат на ова фестивалско издание, утре ќе се одржи натпревар во органа во Католичката црква во Скопје. Член на меѓународното жири ќе биде професорот по органа на Московскиот државен конзерваториум Петар Илич Чајковски, Алексеј Паршин.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“