МКФ ги одреди цените на влезниците за дуелот со Белгија

Од:

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) од утре ќе ги пушти во продажба влезниците за натпреварот со Белгија, прв во квалификациите за Евробаскет 2015. Цените за горните трибини се 100 денари, а за партер 150.

Билети ќе можат да се набават на повеќе продажни места ширум државата објавени на веб страната на МКФ, а на денот на одигрување на натпреварот (10 август), влезници ќе се продаваат и на билетарницата на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје од 12 до 21 часот.

За македонските кошаркари средбата со Белгија е од големо значење ако се има в предвид дека противникот е прв фаворит во групата во која уште настапуваат Белорусија и Данска.

– Нашата репрезентација одигра неколку одлични натпревари во текот на подготвителниот период, а поддршката од полни трибини во нашата најголема арена, како што беше случај и во минатите години, повторно ќе има огромно значење за нашите кошаркари, во походот да го одржат континуитетот на настапи на Европските првенства, велат од МКФ.

По натпреварот со Белгија, Македонија ја очекуваат три гостувања.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос