Палестинците подготвуваат тужба за воени злосторства

Од:

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малки ќе го посети денеска Меѓународниот кривичен суд во Хаг, во рамки на подготовката на тужба против Израел за воени злосторства по речиси едномесечни судири во Појасот Газа.

На посетата и претходи почетокот на 72-часовниот прекин на огнот во тој судир, на кој се согласиле Израел и Хамас со посредство на Египет, во настојување да се отвори пат кон подолго примирје.

Израелците и Палестинците се обвинуваат едни со други за воени злосторства од почетокот на судирите на 8 јули, бранејќи ги своите сопствени акции, и тврдејќи дека се во согласност со меѓународното право.

Малки побара во јули од ОН да стави крај на „неказнувањето“ на Израел, истакнувајќи дека земјата „мора да одговара за своите злосторства“.

Минатата недела ОН покренаа истрага за кршење на човековите права и злосторства наводно извршени од страна на Израел за време на офанзивата во која загинаа голем број цивили на палестинска страна.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски