Кога ќе „падне“ Фејсбук не мора секогаш да барате алтернативи на Интернет. Можете слободно да излезете од дома и да пропешачите. Или да повикате полиција.
За тоа третото се одлучиле голем број Американци од Лос Анџелес поради што локалниот полициски шеф бил приморан преку Твитер да побара од сограѓаните да не се јавуваат на 911 за да бараат помош оти социјалната мрежа Фејсбук не работи поради извесни проблеми.
Случката била во петокот кога Фејсбук имаше проблеми со функционирањето, јавуваат американски медиуми.
– Фејсбук не е во нашиот домен. Ве молам, не не барајте за помош. Не знаеме кога Фејсбук повторно ќе овозможи пристап, напиша полицискиот наредник Бартон Бринк на Твитер во петокот.
Полицијата во Лос Анџелес во минатата година имале над 70 отсто повици кои не биле „имрџенси“, меѓу кои и повик до полицијата во кој маж се пожалил што нема сирење во неговиот хамбургер. Тоа не е првпат Американци да побараат помош од 911 – имено, маж во градот Конектикат ги повикал откако кабелски проблем му го одложил задоволството да догледа епизода од серијата Breaking Bad.