Загорац Тумбовски упати писмо до јавниот обвинител Марко Зврлевски.
„Произнесувањето на ОЈО дека не е утврдена кривична одговорност од Гордана Јанкуловска како службено лице и дека предметот е заснован на допрен глас е премногу груб, но и премногу блед.
Целата јавност знае дека не е само допрен глас или мое тврдење, туку и дека постојат документи (КАСА ПРИМИ) пополнети и потпишани од Јанкуловска, и дека тие документи се достапни во оригинали за кои јас повикав на вештачење.
Исто испратив и писмена изјава до ОЈО со хронологијата на настани, средби и луге од тој период, и сето го прави предметот многу лесен и јасен за основање на сомнение и покренување судска постапка.
Зборуваме за периодот од 2006та и почетокот на 2007ма. Најпрво од ВМРО ДПМНЕ негираа дека Јанкуловска воопшто била генерален секретар, но сега признаа дека сепак била, ама генералниот секретар не бил задолжен околу финансирањето на партијата. Каков апсурд! Доколу законски не било нејзина должност тоа е само уште една злоупотреба бидејки се докажува дека таа не била правата адреса и немала правно овластување да зема пари во име на партијата. Такво право и налог сепак можела да добие од Груевски како лидер на партијата, кој пак довербата во Јанкуловска ја има стекнато уште од деновите на опозиција кога е негова десна рака и секретар, а се потврдува со министерската позиција која ја извршува веке цели осум години. Бидејки тие донации беа договарани токму со Груевски, не е ништо нелогично Јанкуловска да е посочена како колектор на паричните средства од негова страна.
Вие имате должност да дадете одговор на следниве прашања?
– Дали е испрашан барем еден од наведените сведоци во мојата изјава основана на настани, кои беа присутни на одредени средби и уплати во штабот на партијата?
– Дали е побаран финански извештај од работењето на АНАЛИТИКО, т.е фирмата која работеше за потребите на ВМРО ДПМНЕ во тој период поради блокираната сметка на партијата, и дали постојат приливи на истата од страна на ЈАКА Табак и ТАБАК Осигурување?
– Дали направивте вештачење и експертска анализа на приложените КАСА ПРИМИ за да утврдите со чив ракопис се пополнувани, чив е потписот и од кога датира истиот?
– Дали обезбедивте телефонски листинг од мојот и од броевите на Груевски и Јанкуловска за да се потврди дали сме имале контакт во тој период и дали се познаваме? Без обезбедување на посочените докази и без одговор на поставените прашања, истрагата не е комплетна и вашата одлука е неоснована и незаконска.
Не заборавајте, дури и ако сте цврсто решени да ја одбраните и прикриете од криминалот вашата министерка, тоа ке биде само на одредено време, затоа што одговорот каков што е од страна на ОЈО е избрзан и неприфатлив. Сепак заборавивте да се произнесете за суштинскиот сомнеж дека Јанкуловска лично земала пари, без разлика на функцијата која ја извршувала и нејзините ингеренции.
Убеден сум дека ке има контрадикторност на вашата истрага кога ке бидете заменети од вистински и независен обвинител, затоа што доказите и тогаш ке бидат достапни.
Пробавте овој срамен и очигледен скандал да биде благо сокриен од јавноста, а вие да добиете признание на верен послушник од премиерот и министерката.
Одлуката ја споделивте преку писмено соопштение во петок попладне, на ден пред големиот верски и државен празник Илинден, кога јавноста и не баш засегната со вести и “владини проекти” од ваков вид“, се вели во писмото на Загорац Тумбовски упатено до Основното Јавно Обвинителство на Р.Македонија – Главен јавен обвинител Марко Зврлевски.