Откажан АТП турнирот во Тел Авив

Од:

Тенискиот турнир кој требаше да се игра следниот месец во Тел Авив, Израел е откажан поради нарушената безбедносна состојба во оваа земја. Ескалирањето на израелско – палестинските судири ги натераа првите луѓе на АТП да донесат ваква одлука.

– За жал АТП турнир во Тел Авив годинава нема да се игра. Нас најбитна ни е сигурноста на учесниците и навивачите, а при ваква состојба во Израел не може да ризикуваме. Се надеваме на брз крај на кризата и враќање на најдобрите светски тенисери во Тел Авив следната година, изјави претседателот на тениската организација (АТП) Крис Кермод.

Од 15 до 21 септември требаше да се игра тенискиот турнир во Тел Авив, прв на високо ниво во Израел по 1996 година.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров