Најмалку 18 војници загинаа во судирот меѓу Азербејџан и Ерменија за спорниот кавкаски регион Нагорно-Карабах.
Повремени оружени инциденти имаше во изминатите две децении, но во минатата недела се регистрирани најжестоки борби откако во 1994 година беше завршена граѓанската војна.
Азербејџанското МО соопшти синоќа дека во судирот загинале 13 војници додека оружените сили на Нагорно-Карабах потврдија смрт на петмина свои припадници.
МНР на Ерменија соопшти вчера дека претседателите на двете држави ќе имаат средба во крајот на неделата во Русија. Азербејџан досега не потврди учество на таква средба.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Групата Минск на ОБСЕ презема чекори за усвојување документ со политички принципи за решавање на спорот.