Советот за безбедност на ОН ги осуди нападите на екстремистички групи во Либан и ја поддржа либанската влада, но и го предупреди Бејрут да не дозволи да биде вовлечен во сирискиот конфликт.
Либанската армија соопшти дека најмалку 16 војници се убиени во тридневни борби со екстремисти во близина на границата со Сирија, а уште 22 се водат како исчезнати.
СБ на ОН изрази поддршка на либанските оружени и безбедносни сили во борбата против тероризмот и обидите да спречат поткопување на стабилноста на земјата. Во Либан се привремено сместени над еден милион сириски бегалци.