Дизајнерот Драгош Мотица од Букурешт осмисли за романската компанија „УБИКУБИ“ многу интересна бетонска лампа.
Бетонската лампа доаѓа во картонска цевка со затворач од плута и мали камчиња. Драгош Мотица лампата ја направил од иверка на бреза, ЛЕД сијалички и армиран бетон.
– Ако ја скршите лампата станувате дизајнер на единствен предмет. Ако не ја скршите, сте се одлучиле за сериски производ, кој ви се допаѓа онаков каков што е, вели Мотица.
Материјалите се инспирирани од индустриски објекти, градилишта, коноп и основи за жици со висок напон.
Абажурот се произведува со сипување на бетон во силиконски калап и преку жичаната мрежа. Конкретниот облик потоа се суши на воздух и се полира.