Македонските кошаркари патуваат за Загреб

Од:

По шесте натпревари на домашен терен одиграни во Охрид и Скопје, македонската кошаркарска репрезентација утре против Хрватска ќе го одигра последниот пријателски меч од подготовките и прв и единствен на гостински терен.

„Црвено-жолтите“ денеска патуваат за Загреб, а почетокот на утрешниот дуел е закажан во 17 часот.

Македонија се соочи со мали проблеми со повреди во текот на подготвителниот период, па покрај Бојан Крстевски, кој и натаму се опоравува од повредата заработена во Охрид и нема да патува за Загреб, на нашиот состав против Хрватска нема да може да му помогне ниту Дамјан Стојановски, кој исто така се пожали на повреда во текот на минатите денови.

Сепак и Крстевски и Стојановски се очекува комплетно да се опорават од своите повреди во наредните неколку денови и да бидат подготвени за стартот на квалификациите против Белгија на 10 август, така што Џикиќ се одлучи да не ризикува со нив за утрешната пријателска против Хрватска.

Составот на Македонија за средбата против Хрватска го сочинуваат: Ивица Димчевски, Андреј Магдевски, Дарко Соколов, Александар Костоски, Војдан Стојановски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Бојан Трајковски, Стојан Ѓуроски, Марјан Јанески, Ричард Хендрикс и Љубомир Младеновски.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос