СДСМ: Го повикуваме Груевски на разговор за петте теми на опозицијата

Од:

СДСМ реагираше на изјавата на премиерот Никола Груевски.

„Сакаме да ги разбереме пораките на Груевски како позитивни и затоа повикуваме на разговор за петте барања на опозицијата.

Не може да се каже дека причините на СДСМ се измислени. Го упатуваме Груевски на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за последните избори, кој беше прифатен од ЕУ и САД и кој јасно покажува на неопходност од решавање на бројни изборни проблеми поврзани со одвојувањето на партијата од државата, обезбедување на услови за рамноправен натпревар, медиумска застапеност….

Токму овој Извештај на ОБСЕ/ОДИХР стана основа за сериозни пораки на меѓународната заедница и Европската комисија а во него ниту еднаш не се употребени зборовите фер и демократски, за последните избори.

Обезбедувањето на услови за фер и демократски избори е врвна придобивка на една демократска држава каква што треба да биде Македонија.

Затоа, СДСМ, уште еднаш, јавно, го повикува Никола Груевски на разговор за петте теми на опозицијата.

Господине Груевски Вие сте на потег.

Доколку се искрени и позитивни вашите намери за државата и нејзините граѓани, ќе седнете и ќе разговарате за петте барања на опозицијата. Само на тој начин, во текот на разговорите, ќе се уверите дека барањата на опозицијата се разумни и во интерес на Република Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ, на изјавата на Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ