Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтерова скала е регистриран во близина на брегот на јапонскиот остров Окинава, соопшти Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту пак е издадено предупредување за цунами.
Епицентарот на потресот се наоѓал на околу 200 километри североисточно од Наха, главниот град на Окинава, на длабочина од 9,7 километри под површината на земјата.