Нападната базата на принцот Хари, двајца загинаа

Од:

Во нападот на воената база во небезбедната провинција Хелман на југот на Авганистан, во која служи и и британскиот принц  Хари, загинаа двајца војници на силите на ИСАФ. Принцот не е во опасност, пренесува АФП.

Нападот е  извршен со пешадиско оружје и со минофрлачи. Ранети се уште најмалку 5 војници.

ИСАФ , според правилата не ја кажува националноста на загинатите, но медиумите, повикувајќи се на извор од Вашингтон, велат дека загинатите биле американски маринци.

Талибанците неколку пати се закануваа дека ќе го убијат принцот Хари.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан