Македонската кошаркарска репрезентација составена од играчи до 18 години загуби од Бугарија во натпревар за пласман од 13-16. место на Европското првенство Б дивизија.
Избраниците на селекторот Мирза Куртовиќ попладнево во Софија загубија од домаќинот со 57:52.
Бугарија ја доби првата четвртина со 17:11, а на полувреме предноста за домашните кошаркари беше пет поени (29:24). Македонија најдобро одигра во третиот период кога намали на само еден поен разлика (39:40). Сепак „црвено – жолтите“ не успеаја да направат пресврт и на крајот загубија.
Македонија утре против Австрија ќе се бори за пласман на 15.место.