Гранатирањето во близина на местото каде се урна малезискиот авион во источниот дел на Украина ги принуди меѓународните експерти да ја прекинат денеска започнатата истрага за несреќата, изјави претставник на ОБСЕ, кој пристигнал на ова подрачје со експертскиот тим.
– На оддалеченост од околу два километра слушнавме артилериски оган, а тоа беше премногу блиску за да продолжиме, истакна претставникот на ОБСЕ во Украина, Александар Хаг.
На местото на авионската несреќа во регионот на Доњецк денеска пристигнаа 78 меѓународни експерти, кои планираа цел ден интензивно да работат на собирање остатоци од жртвите.
Хаг додаде дека експертскиот тим постигнал договор и со украинските и со проруските сили да им се овозможи посета на местото на несреќата на малезискиот „боинг 777“, во која на 17 јули загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.