Русија: ЕУ тајно сака да ја вооружи Украина

Од:

Руското Министерство за надворешни работи ја обвини Европската Унија дека сака тајно да ја укине забраната за снабдување со воена техника и опрема кон Украина.

-Во текот на последниот состанок на Советот на Европа во Брисел, лидерите на државите членки на ЕУ се сложиле во тајност да ја укинат забраната за извоз на оружје кон Киев, кое би можело да се користи за внатрешна репресија, с е наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Рестрикциите на увоз на оружје на Украина се воведени на 20 февруари кога од власта беше симнат претседателот Виктор Јанукович.

-ЕУ тогаш веруваше дека не е исправно да се снабдува со оружје режимот на Јанукович. Сега и покрај тоа што Украина продолжува со воената операција на истокот на земјата, ЕУ одлучува да дозволи извоз на оружје во Украина, се вели во соопштението објавено на интернет страната на руското Министерство за надворешни работи.

Претходно, британскиот премиер Дејвид Камерун рече дека НАТО мора да се пресипита колку е способен да го одбрани своите членки од потенцијалната воена закана под Русија.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите