Украинската војска ја изгуби врската со беспилотното летало, кое собираше разузнавачки информации за позициите на проруските борци во источна Украина, јави ИТАР-ТАСС.
По извршувањето на мисијата, беспилотното летало се враќало во базата кога било урнато од страна на проруските сили, појасни Андреј Лисенко, портпарол на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.
Според него, проруските орци користеле зенитен систем Бук-11.