Премиерот Никола Груевски во говорот од Пелинце упати критики кон европските лидери поради нивното непочитување на принципите на Унија во однос на спорот за името.
-Ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик и немаме претензии кон Грција. Проблемот на Македонија не е само наш проблем, туку е европски проблем. Игнорирањето само го помага проблемот да се зголемува.
Суштината на сите европски лидери не е во убавината на нивните фрази и цитатите на познатите политичари, туку во нивните постапки. Цитатите немаат значење ако зад нив нема дела. Време е Европа кон да погледне со поголемо внимание.
-Да се молчи кога некој негира постоење на јазик и идентитет кој не е закана, е само уште показател за еден вредносен систем кој е ставен пред тест. Со сета почит кон европските лидери, и со сето разбирање дека и ние имаме наши грешки, не смее да се игнорира фактот дека ова што и се случува на Македонија е далеку од принципите на кои унијата почива.
Македонија сака членство во ЕУ и НАТО, потребно е конкретно дело. Ние сме подготвени за разговори и изнаоѓање решенија, но изненадува како никој не може да го седне на маса нашиот соговорник.
Интересите се над вредностите, кога ќе се појави проблем, тогаш е најлесно да се впрегне машинеријата и некој да е виновен, рече Груевски.
Тој ја повика и опозицијата да седнат на маса и да разговараат, но само за разумни барања.
-Немојте да им давате аргументи на сите оние кои ги бараат да ни направат штета, ајде да седнеме и да разговараме слободно и директно. Сакате одредени барања-но барајте разумни барања. Нив може да ги прифатиме.
На нашиот политички конкурент му кажувам-независно на конкурентноста меѓу нас, мора да има мостови меѓу нас. Ако во нас има вина зашто се срушени ние сме подготвени да ја прифатиме нашата вина, но и вие кај вас треба да ја најдете вашата вина.
Ние не се плашиме од ништо, ние сакаме да одиме напред.
-Сакам да упатам порака до сите оние кои ги ставаат на тест меѓуетничките односи-Ова не е 2001, ниту може да биде. Ајде заеднички да покажеме дека можеме да живееме сложно. Ние нема да дозволиме ситни провокатори , кои многу добро ги знаеме да потпалуваат, рече Груевски.