Куќата „Брисас“ е изградена на парцела од 200 метри, при што има гаража и двор. Архитектите дизајнирале трособен дом од 170 метри квадратни. Целта била да се добие што повеќе простор и да се интегрира градината со внатрешниот простор.
При изградбата се користени материјали кои ги намалуваат трошоците, како при градењето, така и при одржувањето.
Куќата се состои од метална конструкција, ѕидови од тули, додека подовите се од полирани бетонски плочи.