Колку е тежок Млечниот пат?

Од:

Нашата Галаксија, Млечниот пат, е полесна од што се сметало, резултат е од најновото истражување на британските научници.

Група експерти од Универзитетот во Единбург првпат прецизно ја пресмета масата на галаксијата во која се наоѓа нашиот сончев систем.

Се откри дека Млечниот пат има половина помала маса од соседната галаксија Андромеда, која има слична спирална структура како и нашата.

– Се сомневавме дека Андромеда е помасивна од Млечниот пат, а мерењето на тие две галаксии претставуваше вистински предизвик – рече директорот на студијата др. Хорхе Пенаруби.

Истражувањето покажа дека вишокот маса на Андромеда отпаѓа на темната материја, недоволно истражена, невидлива супстанција која го сочинува поголемиот дел од галаксијата.

Експертите сметаат дека Млечниот пат содржи двојно помалку темна материја од соседната галаксија, иако двете имаат слични димензии.

Млечниот пат и Андромеда се две најголеми галаксии во т.н. локална група, збир од 30 гравитациско поврзани галаксии.

Девеесет отсто од материјата во двете галаксии е невидлива, а до сега научниците не беа во состојба да докажат која е поголема.

Со претходните истражувања беше можно само да се пресмета масата на средишниот дел од галаксијата, додека со новата студија е утврдено колку невидлива маса се содржи во нејзините надворешни делови.

Истражувачите велат дека оваа студија ќе им помогне во разбирањето на структурата на тие надворешни области. Студијата е објавена во списанието на Кралското астрономско здружение MNRAS.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ