Дизајнерот Грег Класен разви убава линија на мебел под назив „River Collection“.
Колекцијата дрвен мебел е инспирирана од возбудливо и живописно дрво кое се наоѓа крај брегот на реката Нуксак, која тече покрај ова дизајн студио.
Секоја маса е изработена рачно, од дрво, кое столарот Грег Класен го пронаоѓа во својата околина. Грег Класен е занаетчија со исклучително чувство за својата околина.
– Јас живеам на северозапад и инспирацијата на пронаоѓам во дрвјата, реките и природата. Сакам на отфрленото дрво да му дарувам нов живот, рече Класен.
Овој мебел од дрво го имитира брегот и природните текови на реките и езерата.