Ѓорческа поразена по водство и два тај брека

Од:

Лина Ѓорческа е елиминирана во второто коло на фјучрсот во Темишвар. Поуспешна од неа беше романската тенисерка Камелиа – Елена Христеа со 2:1 во сетови (1:6; 7:6 (7:2) и 7:6 (7:4)).

Со оваа победа Христеа и се реваншираше на нашата тенисерка за поразот на турнирот во Палиќ, Србија минатата недела.

Првата носителка Ѓорческа добро го почна мечот и го доби првиот сет со 6:1 во гемови и имаше водство од 3:1 во вториот сет. Но, потоа Романката Христеа успеа да изедначи и сетот да го добие во тај брек со 7:2 на поени.

Во решавачкиот сет и двете тенисерки имаа проблеми да го освојат гемот на свој сервис, па повторно решавачки беше тај брекот, кој пак и припадна на Христеа со 7:4 на поени. Романката имаше подобра искористеност на брејк топките 5 од 7, за разлика од Ѓорческа која имаше 7 од 17.

За македонската тенисерка во текот на денот останува да одигра уште еден меч во игра на двојки. Во полуфиналето со Катарина Адамовиќ од Србија ќе играат против романските тенисерки Оана Георгета Симион и Габриела Талаба.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров