Туристичката сезона во Охрид се сведе на еден викенд

Од:

Шпицот на летната туристичка сезона во Охрид е токму викендов. Иако значително со помала бројка на туристи од лани, викендов Охрид е полн. Сите настани како да се сконцентрирани токму во деновите околу Илинден.

Вечерва, со почеток во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе гостува светската атракција The Voca People. Во рамки на програмата на годинешното Охридско Лето, ансамблот кој потекнува од Израел ќе одржи целовечерен концерт преку кој ќе се претстави со вокалните звуци комбинирани со модерниот битбокс преку кои имитира цел оркестар.

Од друга страна, на стадионот Билјанини Извори свој концерт ќе одржи и српската турбо фолк ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца. И нејзиниот концерт е закажан за 21 часот. Иако во јавноста имаше големи критики зошто Цеца да одржи концерт во очи на Илинден, интересот како што дознаваме бил голем.

Летната туристичка сезона во Охрид се сведе на само еден викенд, оној околу 2 август. Сите настани, со години наназад се закажуваат токму во тој период. Туристичките работници од Охрид велат дека пренатрупувањето на настаните во викендот околу Илинден е лошо за должината на летната туристичка сезона. Тие апелираат, менаџерите, организаторите и сите оние кои учествуваат во организирањето на големите настани во летната сезона да ги распределат истите во повеќе викенди што би помогнало за продолжување на истата.

Инаку, Охрид се соочува со најслабата туристичка сезона. Охриѓани дури викендов почувствуваа дека градот е наполнет. Веќе ги нема гужвите низ охридската чаршија, угостителските објекти се полупразни, а времињата кога се бараше место повеќе се веќе минато. Локалната самоуправа мора да се загрижи за ваквите понижувачки факти и уште од крајот на оваа сезона да се подготвува за наредната.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид