Свечена академија за 70 години од АСНОМ

Од:

По повод 70 годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ – 2 Август 1944 година, денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се одржи свечена академија.

На свечената академија ќе се обрати претседателот на МАНУ Владо Камбовски, а за АСНОМ како триумф на вековната борба ќе говори претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија Трајко Стаматоски.

Академик Иван Катарџиев на свечената академија ќе зборува на темата АСНОМ – 70 години државност.

Свечената академија заеднички ја организираат МАНУ и Сојузот на борците на Македонија.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи