Веројатно нема дете во светот кое не посакало да има своја куќарка на дрво, каде ќе може да се сокрие од возрасните, да си игра со другарите и да ја мине ноќта гледајќи во ѕвездите.
Поттикнати од ваквиот „сон на секое дете“, архитектите на германското дизајнерско студио „Баумраум“, кое е познато по градењето структури „во воздух“, решија да изградат мала куќичка при врвот на едно дрво.
Куќарката е изградена во германскиот град Хале на еден стар и разгранет даб на височина од 11 метри. До куќата се доаѓа по челични скали во спирална форма кои започнуваат од гаражата на семејниот дом.
Дрвената градба се потпира на две челични шипки, а целата структура е зајакната со неолку челични кабли и платнени ремени.
Ентериерот на куќарката го сочинуваат француски лежај и столици поставени крај прозорците. Од предната страна има „тераса“ на која има столчиња и масичка.