Младата кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе и петиот пораз во шестте одиграни натпревари Европското првенство дивизија „Б„ за играчи до 18-години, кое се одржува во Софија.
Избраниците на селекторот Мирза Куртовиќ, вечерва во натпревар од новоформираната група „Х„ за пласман од 9 до 16 место, доживеаа убедлив пораз од селекцијата на Исланд со 53:84 по четвртини 14:26, 17:18, 14:19 и 8:21.
Многу лошата игра на нашите репрезентативци, особено во одбраната, бешеевидентна особено во првиот и последниот период во кој противникот постигна вкупно 47, а црвено-жолтите 22 поени.
Нерешива енигма за избраниците, но и самиот селектор на Македонија, Мирза Куртовиќ, беше Кари Јонсон кој има 16 години, кој натпреварот го заврши со 26 поени и 4 асистенции.
Утре нашите кошаркари од 15 часот ќе го играат натпреварот против репрезентацијата на Австрија која денеска беше подобра од Норвешка со 67:64.
Табела: Исланд 2-0 (победи порази), Норвешка 1-1, Австрија 1-1 и Македонија 0-2.