Три жртви на поплави во Бугарија и Рoманија

Од:

Три лица загинаа, а повеќе од стотина беа принудени да ги напуштат своите домови поради поплавите што зафатија повеќе села во Бугарија и Романија.

Поројните дождови предизвикаа поплави во реонот на градот Габрово, во централниот дел Бугарија, каде животот го загуби 61-годишна жена, а едно лице се води како исчезнато.

Без струја се 17 села и делови на градот Габрово, а има проблеми и во снабдувањето со вода. Регистрирани се појави на лизгање на земјиштето, а уништени или ошттени се и неколку мостови и патишта.

Во поплавите на повеќе локации во Романија загинаа две лица, меѓу кои и еден 72-годишен маж, соопшти романскиот министер за внатрешни работи Габриел Опреа.

„Романските железници“ соопштија дека поради поплавите еден воз излетал од шините, но нема податоци за евентуални жртви или повредени при несреќа.

Во околината на градот Новаци во југозападна Романија, од три села се евакуирани 500 лица, додека 75 куќи се урнати при налетот на водите од реката Ѓилорд, достигнаа ниво од три метри и ги проби заштитните насипи.

Во загрозените подрачја се упатени три хеликоптери, кои им укажуваат помош на жителите заедно со припадниците на армијата.

Поплавените подрачја ги посети и романскиот премиер Виктор Понта.

Романија оваа година се соочи со најврнежливото лето регистрирано досега, додека обилните дождови предизвикаа повеќе поплави во источните делови на Бугарија. Во поплавите во јуни во Варна загинаа 13 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица