Хрватскиот надворешен долг достигна 108 отсто од БДП

Од:

На крајот на првото трмесечје од оваа година бруто надворешниот долг на Хрватска достигна до 46,6 милијарди евра или 108,1 отсто од бруто домашниот производ, највисоко ниво досега, што е последица од растот на обврските, но и падот на бруто домашниот производ.

Во март, бруто надворешниот долг достигна до 46,4 милијарди евра, што е за 3,3 проценти повисок од истиот месец минатата година. Со оглед на тоа дека во тој период имаше пад на економијата, делот на бруто надворешниот долг во бруто домашниот производ достигна рекорд од 108,1 отсто.

Растот на обврските кон странските доверители во износ од 800 милиони евра, или 1,7 отсто, во текот на првото тромесечје најмногу се должи на приватните нефинансиски корпорации, чиј долг на крајот на март изнесуваше 11,5 милијарди евра.

И покрај растечкиот долг на кредитните институции во првото тромесечје на речиси 9 милијарди евра, што е раст од 244 милиони евра или 2,8 проценти на квартално ниво, на годишно ниво нивните обврски се намалени за 194 милиони евра или 2,1 отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ужас во Хрватска: Влета во смрт, пред несреќата објавувал видео како вози 200 на час

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер