Средношколците на час по приватност

Од:

Дирекцијата за заштита на личните податоци и Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој ќе се утврдат заедничките активности поврзани со проектот „Час по приватност“, кој ќе се спроведе во средните училишта во Скопје.

– Подигањето на свеста за безбедно користење на интернетот, создавање општество и култура на почитување на приватноста, заштитата на личните податоци, се цели од заеднички интерес – изјавија директорите на Дирекцијата Димитар Ѓеорѓиевски и на Фондацијата Бардил Јашари.

Во следниот период се очекува спроведување на заеднички активности за подигање на нивото на свеста на повеќе целни групи во воспитно – образовниот процес: ученици, родители, наставници, за потребата на почитување на прописите за заштита на личните податоци, вклучувајќи и содржини за неповредливост на домот, тајност на комуникација, тајност на писма, говор на омраза, однесување на социјални мрежи и тн.

Би можело да ве интересира

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година

Ана Ололовска

За неколку часа богатството на Закерберг се намали за шест милијарди долари

Ана Ололовска

Профитот на Фејсбук поголем за 10 милијарди долари во вториот квартал од лани

Ана Ололовска

Вибер ги прекинува деловните односи со Фејсбук

Ана Ололовска

Како изгледа работата на Facebook и Google кампањи за компании од Силиконската долина од Македонија?

Ана Ололовска