Грабул поразен во првото коло во Остенд

Од:

Македонскиот тенисер Димитар Грабул, кој беше рангиран како петти носител на фјучрсот во Остенд, Белгија ги заврши натпреварите во 1.коло откако загуби од Французинот Александар Сидоренко со 2:1 во сетови.

Сидоренко во моментов се наоѓа на 1.100 место на АТП листата, но пред пет години беше 145-ти.

Првиот сет му припадна на Сидоренко со 7:6 и во тај брекот на поени 7:2. Грабул изедначи на 1:1 добивјќи го сетот со 6:2 во гемови. Голема борба се водеше во решавачкиот сет. Грабул поведе со 2:0, а Сидоренко врати со серија од три гема за 3:2. Потоа пак Грабул направи серија за 5:3 и при 5:4 беше на сервис, но Сидоренко изедначи, а потоа ја продолжи низата и освои вкупно четири гема за конечни 7:5 во третиот сет.

Сидоренко првите брејк топки ги имаше во третиот сет, а Грабул го загуби мечот иако освои повеќе гемови (17:16) и поени (112:103).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров