Измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска комисија

Од:

Комисијата за финансирање и буџет на денешната седница го поддржа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност во прво читање.

Измените кои треба да стапат на сила од 1 јануари 2015-та предвидуваат даночни обврзници да бидат сите компании кои остваруваат годишен приход од еден милион денари, а не од два како досега.

Со тоа, истакна заменик-министерот за финансии Ардијан Џеладини образложувајќи го текстот, не само што ќе се зголеми бројот на даночни обврзници, туку и ќе се намали нелојалната конкуренција.

– Постојат даночни обврзници кои реализираат поголема додадена вредност во нивната активност, а доброволно не се пријавуваат за регистрација на ДДВ. Ова се причините поради кои се носат законските измени, изјави Џеладини.

Согласно измените, од 1 март догодина, секој даночен обврзник, освен хартиена, ќе треба да издава и фактура во електронска форма.

Предлог измените и дополнувањата на Законот за ДДВ се утре пред пратениците, на пленарна седница.

Комисија за финансирање и буџет денеска ги разгледа и поднесените амандмани по предлог-законите за спречување на перење пари и финансирање тероризам и за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки.

Би можело да ве интересира

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски