Ѓорческа со сигурен старт на фјучрсот во Темишвар

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (423.место ВТА) со победа во поединечна конкуренција го почна настапот на фјучрс турнирот во Темишвар, Романија.

Во првото коло денеска Ѓорческа ја победи Романката Андреа Гитеску со 6:1 и 6:1 во сетови за помалку од еден час игра.

Инаку, Ѓорческа е рангирана како прва носителка на турнирот и во следното коло ќе игра со победничката од дуелот Мириана Тона (Италија) и Камелија – Елена Христеа (Романија).

Попладнево во игра на двојки нашата тенисерка ќе настапи со Катарина Адамовиќ од Србија и за противнички ги имаат српските тенисерки Бојана Маринковиќ и Теодора Радосављевиќ.

Од македонските тенисери денеска настап ќе има Димитар Грабул на фјучрсот во Остенде, Белгија, додека Томислав Јотовски мечот од 1.коло на турнирот во Сомбор ќе го игра утре.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров