Скопскиот градоначални Коце Трајановски заминал во Шпанија на годишен одмор, информира порталот Република. Според Република, Коце Трајановски со своето семејство е во Мадрид, а таму го виделе Македонци и тоа во паркот Ретиро.
Република текстот за градоначалникот на Скопје го избриша кратко време по објавувањето. Власта сите овие години се прикажува како многу скромна и патриотска кога се однесуваше за летувањето, па најчесто изјавуваат или дека нема да одат на одмор или дека ќе го поминат одморот на некое место во Македонија.