Денска на ул.„Антон Попов“ во населба Ченто во Скопје, две непознати маскирани лица, од кои едно лице вооружено со пиштол, влегле во бензиската пумпа на „Макпетрол“.
Едното лице го вперило пиштолот во вработената и побарало пари, а потоа ја прашале каде се другите вработени. Другиот вработен се појавил од позади рафтот, каде што претходно стоел и им ја фрлил ташната со парите од прометот, по што лицата го напуштиле местото на настанот.