Означен почетокот на реконструкцијата на делницата Велес-Катланово

Од:

Почна реконструкцијата и рехабилитацијата на делницата Велес-Катланово од автопатот „Александар Македонски“ во должина од 23,5 километри, инвестиција вредна 5,7 милиони евра. На отпочнувањето на работите на делницата се обрати премиерот Никола Груевски кој истакна дека оваа делница е една од најупотребуваните и најфреквентните во земјата и претставува исполнување на ветувањата дадени на изборите.

– Долгогодишното користење и големиот број поправки во минатото имаат оставено бројни лузни на патот и севкупно лоша слика за земјата. Реконструкцијата на овој патен правец беше повеќгодишно барање на нашите граѓани. Ние ветивме дека ќе го направивме патот и си останавме доследни на ветувањето, рече премиерот Груевски.

Тој посочи дека активностите треба да завршат за една година, а самиот зафат ќе овозможи зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на оштетувањата на возилата, намалување на времето на патување, а тоа ќе престставува и плус за Коридорот 10 кој поминува низ нашата земја.

Тој потсети дека на Коридорот 10 во изминативе години во рамки на владините проекти изградени се делницата Табановце-Куманово, целосно е реконструирана делницата Катланово-Велес. Во моментов се гради автопатот Демир Капија-Смоквица, а за една годна се планира и реконструкција на делницата Смоквица-Гевгелија.

– Сето ова јасно говори за нашите намери и стратегија да создадеме една нова слика за коридорите кои поминуваат низ нашата земја и севкупна нова слика за македонските патишта. Таквата стратегија активно ја релизиравме во изминатиот период, а оваа година започнавме со изградба на двата нови автопата Скопје-Штип и Кичево-Охрид, како и со повеќе други проекти кои паралелно се работат. Со тоа реализацијата на нашите намери само добива на поголема динамика, рече премиерот Груевски.

Пред присутните се обрати и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој подвлече дека вложувањата во инфраструктурата се дел од здравите економски политики, а почетокот на работите на оваа делница, која, како што рече, е крвотокот на македонската економија, е дел од еден поголем инвестициски зафат.

– Изминатите години главните вложувања на Владата во патната инфраструктура беа во изградба на нови регионални и локални патишта. Во овој мандат фокусот е ставен на изградбата на автопатите за коишто во изминатиот период се подготвуваше документатацијата за да се почне со нивна изградба. Се наоѓаме во екот на еден инвестициски циклус којшто надминува една милијарда евра од кои 790 милиони евра се за завршување на трите автопати Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Останатиот дел се регионални и локални патишта кои ќе бидат поддржани со средства од Светската банка и ЕБРД, рече Ставрески.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој исто така присуствуваше на отпочнувањето на работите на делницата, исткана дека станува збор за рехабилитација со која е предвидена обнова и замена на асфалтот по целата должина, поставување на нови банкини и заштитници, мрежа за заштита од одрони, нова хоризонтална и вертикална сигнализација.

Тој потенцира дека со завршувањето на градежните активности кои се во тек на делниците Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, Македонија ќе добие 123 километри нова, модерна и безбедна автопатска мрежа која ќе придонесе за македонската економија и за перспективите на земјата.

Осумдесет и пет отсто од средствата за реконструкција на делницата Велес-Катланово во должина од 23,5 километри и вредност од близу 5,7 милиони евра се обезбедени преку грант од ИПА компонентата за регионален развој, а 15 проценти се одвоени од Буџетот на државата. Предвидениот рок, согласно договорот за изведување на градежните работи со фирмата „Трабак“, изнесува 365 дена.

Претходно во 2012 година заврши целосната реконструкција на патниот правец од Катланово кон Велес.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ