Првиот официјален трејлер за новиот филм на режисерот Стивен Спилберг, „Линколн“ е објавен вчера.
Спилберг го направи својот филм базиран на биографијата на 16-тиот американскиот претседател Абрахам Линколн. Заплетот главно се врти околу последните неколку месеци што претседателот ги помина во обид да се запре војната и ропството во Америка.
Главниот јунак, Линколн го глуми Даниел Деј-Луис, добитник на два Оскари и многу други награди, а во филмот настапуваат и многу други
филмски ѕвезди: Томи Ли Џонс и Џеки Ерл Халеј.
Премиерата на филмот се очекува на 16. ноември.