Се зголемува бројот на зависниците од комар

Од:

Прво од забава, но и со помисла дека може да го здебели паричникот ако погодам дали ќе победи Хајдук или Динамо, појдов со колега од факултет во обложувалница. Во почетокот тоа беше по некоја куна зачувана од ручекот или појадокот. За несреќа, еднаш добив дури 3000 куни. Веројатно секогаш така се случува со млади и зелени, уверени дека знаат да пресметаат што носи добивка.

Така Марко ни го опишува својот пат во пеколот од зависноста од обложување која траела околу три години и за која вели дека во тоа се нашол пред да стане свесен за што било. – Верував дека сум Супермен. Но, секој ден ми требаа се повеќе пари да го вратам изгубеното.

Она што ми го праќаа родителите не беше доволно за новиот живот каков што го посакував. Позајмував од колегите, но бидејќи ништо не им враќав, се помалку имаше такви од кои можев да барам на заем. Повремено ми се посреќуваше и нешто им враќав, но недоволно да ги вратам сите долгови кои ги направив верувајќи дека на обложувалница ќе добијам поголеми пари.

Правев сериозни комбинации како да дојдам до сигурна добивка, но сето тоа беше залажување. Се лажев и себеси и сите околу себе. Во меѓувреме го занемарив факултетот – вели Марко.

Морав на лекување

– Имав всушност среќа што мојот татко крена бучава и инсистираше да му го покажам индексот. Неколку пати успеав со лаги, но потоа се стигна на наплата кога дома се јави еден човек на кого му бев должен околу 5000 куни. Татко ми ми се закануваше, мајка ми плачеше… Ги платија моите долгови и ми поставија ултиматум – право на лекување. Тогаш имав 25 години и можам да кажам дека ако немав поддршка од родителите, никогаш немаше да успеам. По престојот во комуната, успеав да излезам од обложувалниците, завршив факултет и се вработив. Денес во 35-тата година обложувалниците ги заобиколувам од далеку.

– Не играм ни наградни игри… – вели Марко верувајќи дека ова животно училиште никогаш нема да го повтори. Дека зависноста на Марко од обложувалници имала подобри прогнози за лекување ни потврдува и психијатарот од КБЦ Сетра милосрдница, др. Роберт Торе. – Автоматите за коцкање, т.е. покер и рулет автоматите, создаваат поголема зависност од кои било други форми на коцкање или обложување. Исто така, комарот на наградни и лотариски игри не се привлечни – вели др. Торе.

Висока толеранција

Во популацијата, според проценките од 1 до 2 отсто се зависници. Во Хрватска најмногу зависници има во обложувалниците, а потоа следат автоматите па рулетот, додека во Европа на прво место е зависноста од автоматите, потоа следат спортските обложувалници и рулетот. Тие прават една третина од прометот во обложувалниците и казината, вели др. Торе. Интересен е податокот дека секој втор жител во Хрватска постар од 15 години е вклучен во некоја лотарија, а секој трет во наградни игри поврзани со купување на одредени производи кои носат добивка или со купување во одредени продавници.

Секој седми во општата популација се обложува, а најмногу се купува лото. Др. Торе вели дека најголем ризик за развој на зависност од комар е на возраст од 18 до 25 години, а проблемите поврзани со комарот врвот го достигнуваат од 20 до 35 година. Спротивно на очекувањата дека повеќе се обложуваат или коцкаат тие кои имаат повеќе пари, статистиката покажува дека се коцкаат сите општествени слоеви. Др. Торе додава дека и општеството и понатаму има висока толеранција кон коцкањето и коцкарите па поради тоа превентивата прилично е нефукнционална. Причина за тоа веројатно е и тоа што многу коцкари се функционални, а тоа значи дека работат, имаат семејства, а околината не ги перципира како зависници.

Клубови КЛОК

– За жал, толеранцијата на коцкарите на коцкање расте се побрзо, што значи дека требаат се повеќе пари за ист ефект на задоволство и страст – вели др. Торе. Кога се работи за лечење, др. Торе вели дека само мал број на патолошки коцкари побарале стручна помош и тоа обично кога ќе ги принудат семејствата и сопругите.

Смета дека лечењето најдобро се спроведува надвор од болниците, за кое во Хрватска постојат клубови КЛОК (Клуб за лечење на зависници од коцкање). – Се работи во групи на начин на самопош, во што помагаат стручни водачи психијатри. За жал, дури 60 отсто од тие кои одредено време апстинираат се враќаат на коцкањето во рок од четири месеци, а 75 отсто во првата година од одвикнувањето – вели др. Торе. Но, додава дека не треба поради тоа да се откажуваат. Повеќето патолошки коцкари неколку пати се обидуваат додека не се излечат од лошите навики.

Предупредувачки сигнали

Како да се препознаат зависници од коцкање
– секогаш се коцка повеќе од што има намера
– повеќе пати неуспешно се обидува да престане со коцкање
– ги занемарува обврските поради коцкањето
– се коцка на се поголем износ
– чувствува депресија и нервоза ако не се коцка
– чувствува грижа на совеста поради коцкањето, но сепак повторно се коцка.

Би можело да ве интересира

„САКАМ ДА РАБОТАМ“: Антикоцкање конечно призна дека дистанцата од 500 метри е затворање на легалните објекти за игри на среќа

Предраг Петровиќ

Полицијата им растури партија на скопски комарџии, единаесетмина фатени во стан во Центар

Жарко Настоски

ВИДЕО: Доминик Лоригио – човек на кого му е забранет влез во коцкарниците

Ана Ололовска