Пред две години Земјата ја избегнала најголемата соларна бура во последните 150 години.
Доколку се појави астероид кој ако ја погоди Земјата би ја вратил во камена доба, или пак доколку таков астероид не промаши, тогаш тоа би било главна вест во сите светски медиуми. Нешто слично и се случи на Земјата пред 2 години, но тогаш сите медиуми молчеа за тоа.
Најсилната соларна бура во последните 150 години за малку ќе ја погодеше нашата планета.
– Да не удреше тој ден, и ден денес би закрепнувале од ударот, вели професорот Даниел Бејкер од Универзитетот во Колорадо.
– Сите имавме среќа тој јули, додава тој.
Бејкер заедно со истражувачи на НАСА објави студија во декември минатата година за тоа што Земјата всушност преживеала во јули 2012 – та.
Доколку не погодела оваа соларна бура, би било потребно да се обнови енергетската мрежа во целиот свет, што не е нималку едноставно.
Со месеци, па дури и години, делови од планетата би биле без струја, што од агол на човек кој живее во 21. век би било еднакво со враќање во камена доба.