Секој што ќе го види 29 – годишниот Ненад Чокован а не го познава смета дека е Новак Ѓоковиќ. Тој е вистинска атракција каде и да се појави.
Ненад аматерски се занимава со спорт. Игра фудбал, а поретко и тенис.
Вели дека луѓето често му приоѓаат, бараат да се фотографира со нив, а многумина и не му веруваат дека не е Новак, иако е малку понизок од него и постар две години.