Македонскиот тенисер Томислав Јотовски попладнево ќе атакува на трофејот на Фјучерс турнирот во Ваљево, Србија.
Јотовски, за кого ова е прво финале во поединечна конкуренција, за противник во финалниот меч на турнирот награден фонд од 10.000 американски долари ќе го има францускиот тенисер Максим Жанвие, кој на АТП листата е на 1.116-то место.
Финалниот меч меѓу Јотовски и Жанвие започне точно напладне.