Македонскиот тенисер Томислав Јотовски се избори за своето прво финале во поединечна конкуренција. Денеска на фјучрсот во Ваљево Јотовски (5.носител) во полуфиналето играше со седмиот носител Арсение Златановиќ од Србија и по добиениот прв сет со 6:3 противникот го предаде мечот. Ова за Јотовски е втора победа над Златановиќ.
Негов ривал во утрешното финале ќе му биде Французинот Максим Жанвие (1116.место), кој со 6:0 и 6:2 во второто полуфинале славеше над Германецот Богдан Ѓорѓевиќ.
Почетокот на финалето е утре во 12 часот.