Карпош оддаде почит кон загинатите од земјотресот

Од:

Денеска делегација на Општина Карпош, предводена од Претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски и членовите на Советот Горан Михајлов и Тања Ристевска, положија свежо цвеќе пред споменикот на настраданите жители на Скопје на Градските гробишта во Бутел. Општинското раководство, во име на своите сограѓани, изрази пригодна почит и сеќавање на овој настан. 

Пред 51 години на овој ден, 26-ти јули 1963-та година, утрото во пет часот и 17 минути Скопје го погоди катастрофален земјотерес со интензитет од девет степени според Меркалиевата скала. Во урнатините животот го загубија 1.100 лица, 3.000 беа повредени, а 200.000 останаа без покрив над главата.

Меѓу најнастраданите подрачја во градот беше Општина Карпош. Меѓутоа, Карпош израсна во модерна општина, во општина на солидарноста во чие постземјотресно издигнување учествуваа инженерски и спасувачки екипи од сите краишта на светот.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец