Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, денеска против Финска ќе го игра третиот натпревар на Европското првенство дивизија Б, кое се одржува во Софија, Бугарија.
По поразите од Словенија и Норвешка, избраниците на селекторот Мирза Куртовиќ ќе имаат тешка задача во дуелот со нивните врсници од Финска. Финците во првото коло убедливо со 21 поен разлика ја совладаа Норвешка селекција од која вчера нашите млади кошаркари загубија со 6 поени разлика.
Пораз од Финска би значел и крај на надежите за нашите кошаркари за освојување на второто место во групата и пласман во следната рунда.
Натпреварот меѓу Македонија – Финска ќе започне во 10 часот и 30 минути, а е прв од 3.коло во групата Ц во кој денеска ќе играат и Норвешка – Швајцарија, додека селекцијата на Словенија е слободна.
Табела: Словенија 2-0 (победи-порази), Норвешка 1-1, Финска 1-0, Македонија 0-2 и Швајцарија 0-1.