По вчерашниот триумф над Полска, најдобрата машка кошаркарска репрезентација вечерва ќе игра против Италија во натпревар од 2.коло на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“.
За избраниците на селекторот Александар Џикиќ репрезентацијата на Италија ќе нов испит за проверка на квалитетите и моменталната форма на играчите кои се подготвуваат за претстојниот циклус квалификации за Европското првенство 2015 година.
Иако досега нашите кошаркари имаат четири победи во исто толку одиграни контролни натпревар (Австрија, Романија, Грузија и Полска), сепак „Азурите„ се првиот вистински предизвик имајќи го во предвид квалитетот на тимот со кој располага Италија.
Натпреварот Македонија – Италија ќе се ига во терминот од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ додека од 17 часот и 30 минути ќе играат Полска и Црна Гора.
Потсетување дека квалификациите за Евробаскетот 2015 год. почнуваат на 10 август, а Македонија е во група со Белгија, Естонија и Данска.