Според најновата теорија, црните дупки го завршуваат нивниот вселенски живот станувајќи „бели дупки“ кои се однесуваат на радикално спротивен начин од црните – наместо да ги всисуваат материите, тие ги исфрлаат.
Оваа теорија, поставена на сајтот Nature.com, е заснована на шпекулативната квантна теорија на гравитацијата. Научниците веруват дека таа ќе јстави крај на големата дебата за тоа дали црните дупки го уништуваат она што го „јадат“.
Nature.com објаснува дека според новата теорија „транзицијата од црна во бела дупка се случува веднаш после формирање на црните дупки, но поради гравитацијата која го „одложува“ времето, на набљудувачот може тоа да му изгледа дека трае милијарди и трилијарди години, па дури и повеќе, во зависност од големината на црната дупка.
Ако авторите на теоријата се во право, малите црни дупки кои настанале на самиот почеток на универзумот, сега би можеле да бидат подготвени да експлодират и да „побелат“, што би се детектирало во вид на високо-енергетски вселенски зрак или некои други видови радијација.
Според општата теорија на релативитет на Алберт Ајнштајн, кога ѕвездата која замира доживува колапс, често се случува да дојде до стадиум кога овој колапс е неповратен и тогаш станува црна дупка всиувајќки ја светлината и се друго во неговото вселенско соседство.
Веќе долго време се претпоставува дека џиновските црни дупки во средиштето на галаксијата се побрзо ротираат и растат и „јадат“ се повеќе колични гасови, прашина, ѕвезди и материи.
Но, се до минатата година немало сигурни мерења на брзината на обртот на црните дупки.
Самата црна дупка е тешко да се детектира и тоа се прави со помош на икс-зраците, кои таа ги емитува и кои ја откриваат.
Користејќи ги неодамна лансираниот NuStar телескоп НАСА и орбиталната опсерваторија XMM-Newton ESA, меѓународната екипа астрономи ги набљудуваа високо-енергитските зраци кои ги испушта супермасивната црна дупка во средиштето на една, на нас, соседна галаксија.
Истражувачите пресметале дека таа црна дупка се врти со брзина која е приближна на брзината на светлината – 1,08 милијарди км/ч.
Се верува дека џиновските црни друпки – со маса која неколку милиони до милијарди пати е поголема од сонцето, постојат во секое галактичко средиште. Тие се многу густи и поседуваат таква сила на гравитационо привлекување што дури ни светлината не може да и одолее.
Наша најблиска црна дупка се наоѓа на околу 26.000 светлосни години.