Излетниците може да се капат во водите на реката Пчиња кај две излетнички места

Од:

Излетниците може да се капат во водите на реката Пчиња кај две излетнички места, во близина на Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце и кај бањата во Стрновац.

Стручните екипи од Центарот за јавно здравје Куманово извршија анализа на примероците од вода од реката Пчиња, земени во близина на овие две популарни излетнички места и резултатите од испитувањата покажуваат дека во однос на микробиолошките анализи кај двата примероци не е докажано присуство на бактерии од фекално потекло.

– Во однос на физичко- хемиските анализи докажана е зголемена матност која е последица на временските прилики. Водата со ваков квалитет граѓаните може да ја користат за капање, но им препорачуваме да внимаваат посебно кај децата да не дојде до голтање на водата и секако туширање со чиста вода, вели доктор Мимоза Величковска, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Куманово.

Испитувања кои ги спроведуваат екипите на Центарот за јавно здравје се вршат неколку пати годишно со зголемен интензитет во јули и август кога и најчесто има посетители на излетничките места лоцирани покрај реката Пчиња.

Би можело да ве интересира

Како да „преживеете“ на над 40 степени: препораки на фармацевтите за топлотниот бран

A1on

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Минатото лето беше најжешкото во последните 2000 години

Катерина Ѓуровски

Почнува летото

Горан Наумовски

Заштитете ги нозете од проширени вени во текот на летото

Горан Наумовски

Франција го има второто најжешко лето по 2003 година

А1он